20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРедовната употреба на аспирин го намалува ризикот од рак на дебелото црево

Редовната употреба на аспирин го намалува ризикот од рак на дебелото црево

aspirin 30030

Редовната употреба на аспиринот го намалува долгорочниот ризик од појава на рак кај луѓето коишто страдаат од прекумерна телесна тежина, сметаат група научници во студијата објавена во списанието Journal of Clinical Oncology.

Научниците од универзитетите во Њукасл и во Лидс откриле дека прекумерната тежина, или дебелината, двојно го зголемуваат ризикот од развој на ракот на дебелото црево кај луѓето со Линч синдромот, кој е генетско наследно заболување. Речиси половината од пациентите со споменатиот синдром, заболуваат од рак, главно на дебелото црево и на матката.

Во текот на десетгодишното истражување, во кое учествувале 937 испитаници со прекумерна телесна тежина и коешто се спроведувало во 43 центри во 16 земји, експертите откриле дека ризикот од појава на рак практично се сведува на нула при земање на редовни дози аспирин. Дел од пациентите земале секојдневно 600 мг аспирин во текот на две години, а другите – плацебо.

Авторите на статијата предупредуваат дека нивните податоци се прелиминарни, и потсетуваат дека, сепак, злоупотребата на аспиринот може да предизвика сериозни здравствени проблеми, бидејќи овој лек може да предизвика чиреви и крварење во гастроинтестиналниот тракт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП