2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува осмото Карпошово културно лето

Започнува осмото Карпошово културно лето

za-karpos

Со солистички концерт на музичката ѕвезда Калиопи во сабота 15 август, во 21 часот, на плоштадот „Делфина“ во Влае, стартува годинешното издение на „Културно лето Карпош 2015“.

Ова беше кажано на денешната конференција за печат посветена на најголемиот културен бренд на Општина Карпош, на која претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски и Претседателот на организациониот одбор Горан Михајлов ги објаснија сите детали околу оваа двонеделна манифестација.

„Ова е осмо по ред Карпошово културно лето кое го организира Општина Карпош, на кое ќе бидат застапени музички настани од сите жанрови, театарски претстави и ликовни хепенинзи, изјави во овааа пригода, претседателот на Советот Сашо Лазаровски. Локалната власт, традиционално, за своите граѓани од Карпош, но и од Градот и од цела Република во овој период од годината организира незаборавни музички вечери и по тој повод ги повикувам сите жители на Карпош, според својот вкус, да дојдат и да присуствуваат на нив. Се разбира сите настани се бесплатни и отворени за следење. Инаку избрани се неколку атрактивни локации каде вообичаено се одржуваат концертите, како ТЦ Карпош 3 или Лептокарија, потоа плоштадот „Делфина“, Алпинистичката карпа, Амфитеатарот на Кејот на Вардар и плоштадот кај Млечен ресторан, нагласи Лазаровски.

Оваа година лајт мотив на Карпошовото културно лето „оди“ под слоганот „Од Карпош за Карпош“, истакна претседателот на организациониот одбор на оваа манифестација и претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов, кој детално ја објасни програмата на Карпошовото лето.

Според него, идејата е познати уметници од сите области, сегашни или поранешни жители на Карпош, на своите сограѓани да им понудат дел од своето творештво и незаборавно дружење преку уметноста. Едни од нив се бендот ПОР КЕ НЕ на карпошанецот Александар Петров кој живее и работи во Њујорк, кој ќе го донесе пијанистот Леонардо Ѓеновезе од Аргентина, кој често го придружува Вејн Шортер еден од легендите и „класичарите“ на џез музиката. Тие заедно се Франческо Маркони од Италија ќе ни понудат прекрасна вечер со етно џез. Своја вечер ќе имаат и групата НИКЕЈА, Игор Гуру Харе со својот најнов блуз албум, СТИЛ ТЕМПЛ, Ристо Самарџиев, Благоја Груевски и дузина други. Карпошовото лето ќе финишира со „Огнен и неговите дечки“, авторска вечер на композиторот кој живее во Карпош Огнен Неделковски, со настап на Даниел Кајмаковски, Боби Мојсовски и Давид Темелков.

На 31 август Карпошовото лето ќе се затвори со изложба на уметнички дела кои ќе произлезат од Акварелниот симпозиум кој традиционално го организира Општината и на кој ќе има гости од Јордан, Турција, Молдавија, од соседните земји и домашни академски сликари, заедно со евергрините на Џон Илија Апелгрин, изјави Михајлов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП