28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФолтин со концерт на Тумбе кафе

Фолтин со концерт на Тумбе кафе

foltin222

Битолскиот бенд Фолтин, вечерва, во рамките на БИТ ФЕСТ, ќе настапат на прекрасната летна сцена на Тумбе кафе.

Фолтин постојат 18 години, а во статистиката уште стои: седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За нивната работа и неколкупати се наградувани. Музиката на Фолтин е духовита, страсна и жива, создава жешка танцувачка атмосфера преку брзите ритми. Нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. Фолтин себеси се опишуваат како псевдо -емигрантско кабаре.

Последниот албум на Фолтиновци (Пеце Николоски – кларинет и усна хармоника Бранислав Николов – гласни и други жици, Пеце Трајковски – Брада – дирки, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани и Маријан Станиќ – удиралки)  „Пијан славеј“ излезе годинава, во продукција на НУ Центар за култура од Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП