30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Германија се обидува да го запре протокот на бегалци од Балканот

Како Германија се обидува да го запре протокот на бегалци од Балканот

polis e

Германија, земјата во која се собираат луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија, се обидува да ги одвраќа барателите на азил од Балканот, регион кој сега се смета за безбеден барем од вооружен конфликт.

Идеите во моментов се движат од укинување на помошта за бегалците до упатувајќи кон одделни кампови за притвор на бегалци од обесхрабрувачки медиумски кампањи во нивните матични држави против преселувањето во најголемата економија во Европа до уште повеќе екстремни мерки.

Околу половина од 300 илјади молби за азил во Германија од јануари се од регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија.

За првите пет месеци од 2015-та година над 32.000 Косовари пристигнале во Германија, што е повеќе од пристигнатите луѓе од Сирија, земјата која е опфатена од војна.

„Големиот број на имигрантите од овие земји ги трошат ресурсите со кои ние треба да се погрижиме за луѓето од навистина кризните региони“, рече Манфред Шмит, шеф на канцеларијата за миграција и за бегалците.

Германија, сега водечката дестинација во Европа за барателите на азил, доживува тешкотии да ги обработи барањата, да засолне и нахрани рекорден број бегалци, кои се очекува да бидат над 500.000 до крајот на годината.

Често од ромско потекло, многу граѓани на Балканот доаѓаат во Германија со надеж за наоѓање на работа и подобар живот, мотивација за која Берлин се труди да посочи дека не може да им обезбеди азил.

Помалку од 0,2% од нивните молби се одобруваат, но тие често чекаат обработката на документите со месеци во бегалски центри, станови, станбени контејнери и дури во шатор-кампови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП