Компанијата во моментов има портфолио кое вклучува повеќе од 90.000 постоечки права за индустриска сопственост.
Европскиот завод за патенти во Брисел објави дека Бош со 838 патенти признати во текот на 2012 година е на прво место во Европа по бројот.
Компанијата Бош во 2012 година пријави вкупно 4.700 патенти. Европскиот завод за патенти го регулира признавањето на правата на сопственост во 38 земји-членки.
Повеќе од 8 проценти од нивниот профит, Бош го троши на истражување и развој. Во 2012 година потрошувачката за оваа област изнесувала 4,5 милијарди евра. Повеќе од 42.000 вработени работат во истражување и развој низ целиот свет, а 20.700 од нив се во Германија.