4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтартуваше „Голо Брдо фест 2015“

Стартуваше „Голо Брдо фест 2015“

trebiste 334

Во организација на здружението „Голо Брдо“ од дебарското село Џепиште, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија се одржа првото издание на музичката манифестација „Голо Брдо фест 2015“.

На манифестацијата  учествуваа ансамбли и музички секции од општините Дебар, Центар Жупа, Струга и Вевчани, а настанот го следеа, покрај жителите на дебарските села, и жители од Албанија и други градови од земјава.

Поздравувајќи го фестивалот во име на организаторот, Атиф Бајрамовски нагласи дека овој фестивал се одржа во двете Голобрдски села кои се во Македонија, но него го следат и голем број на жители од областа Голо Брдо во Албанија.

„Тие се наши браќа и сестри, и наредната година ќе има учество и на фолклорна секција на македонски јазик од селото Требиште, кое е најголемо село на Голо Брдо во Албанија“, изјави претседателот на здружението „Голо Брдо“ од Џепиште, Ернес Амзоски, и нагласи дека овој фестивал ќе биде традиционален и ќе го претставува македонскиот фолклор.

Фестивалот го поздравија и претставници на македонските здруженија од Албанија, и тоа Или Халилај од Илинден и Едмонд Османи од Македонската партија МАЕИ од Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП