18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА‘Невозможна мисија’ најгледан филм во Северна Америка

‘Невозможна мисија’ најгледан филм во Северна Америка

maxresdefault

„Невозможна мисија: одметнати“ ги исполни очекувањата за првиот викенд од прикажувањето, па славниот агент Итан Хант кого го толкува Том Круз, доминира на врвот на северноамериканската скала на најгледани филмови, според прелиминатрните податоци кои во неделата ги објави специјализираната компанија Exhibitor Relations.

Петтото продолжение од филмската серија „Невозможна мисија“ заработил 56 милиони американски долари во првиот викенд од прикажувањето. Во оваа епизода агентот Хант се бори со Синдикатот, моќна криминална организација. Ова продолжение речиси го достигна успехот на „Невозможна мисија 2“, која во 2000 година во првиот викенд од прикажувањето заработи 57,84 милиони долари.

На второто место е исто така нов филм, комедијата „Годишен одмор од сништата“ (Vacation) со Ед Хелмс и Кристина Ејплгејт. Надевајќи се дека ќе го зближи своето семејство, таткото ги води сопругата и двата сина на долг пат во најдобриот забавен парк во Америка. Филмот овој викенд заработил 14,85 милиони долари.

На третото место, со заработени 12,61 милиони долари, е најмалиот суперхерој „Човекот мравка“ (Ant-Man) кој две седмици беше на првото место, а во трите приви седмици од прикажувањето заработи вкупно 132,15 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП