16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКрушево етно - град 2015

Крушево етно – град 2015

krusevo etno selo 22

Од 25-ти до 31-ви јули, по седми пат се случува манифестацијата Крушево етно-град, или таканареченото крушевско туристичко востание.

„Место топовите, грмнаа тапаните, место лелек, писнаа зурлите. Комитите и аскерот го положија оружјето и седнаа заедно да пијат кафе, питачите и чорбаџиите заедно се насладуваат со вкусна скара и црвено вино, бијат камбаните, народот излезе на улиците и ја сардиса чаршијата. Крушевскиот Етно-град е манифестација со која Крушево стана препознатлив туристички бренд и неизбежен дел од туристичката понуда“, рече градоначалникот на Општина Крушево Ѓорѓи Дамчески.

На самиот крај од своето обраќање, градоначалникот испрати порака:

„Браќа земјаци и мили комшии, случајни минувачи или намерни гости, љубители на добрата капка и вкусниот залак, Ве каниме и Вас, да бидете дел од седмото крушевско туристичко востание“.

Проектот Крушево Етно-град е поддржан од Општина Крушево, НУ „Историски музеј“ Крушево  и Министерството за култура, а започна во 2009-та година по иницијатива на Ранко Петровиќ – Бубамара.

„Оваа година покрај историскиот времеплов кој ќе се случува во чаршијата, на посетителите им препорачувам да се рекреираат по планинарските и велосипедските патеки, да возат велосипед на надморска височина од 1.300 метри по шумските патеки околу Крушево, задоволство кое не треба да го пропушти ниту еден посетител“, рече идеологот на туристичкото востание, војводата Ранко Петровиќ – Бубамара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП