7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ова не ве мотивира, ништо друго нема! Еве што се случува...

Ако ова не ве мотивира, ништо друго нема! Еве што се случува со вашето тело после само еден тренинг!

8b81988cccb682be_woman-on-med-ball.xxxlarge_2x

Кога ќе почнете да тренирате, првите неколку дена ќе чувствувате болки. Но, дури и после првиот тренинг ќе започнат да се случуваат промени на телото, па токму затоа не се откажувајте.

Дали знаете што се случува со телото после само еден тренинг?

1. Исчезнува стресот

Недамнешна анкета спроведена во САД открива дека само 14 проценти од луѓето тренираат за да го редуцираат стресот. Дури и ако самото вежбање ви претставува стрес, тренингот поттикнува подобра циркулација на крвта до мозокот и го лачи хормонот ендрофин.

2. Можете да ја спречите појавата на дијабетес

Во студија од 2007-мата година, група од вежбачи открила дека само еден тренинг ги редуцира масните наслаги во мускулите, што ја подобрува чувствителноста на инсулинот. Ниското ниво на инсулин може да доведе до дијабетес.

3. Вашата ДНК може да се промени

Во студија од 2012-тата година, шведските истражувачи открија дека здравите, но неактивни возрасни лица со само еден тренинг влијаат на промената на генетскиот материјал во нивните мускули.

ДНК-та се наследува од родителите, но факторите како начинот на живот и физичката активност можат да одиграат важна улога при пренесувањето на одредени гени.

4. Подобро ќе се концентрирате

Кога ќе започнете со тренирање, крвта во мозокот ќе ја подобри функцијата на мозочните клетки и на тој начин ќе имате подобра концентрација после тренинзите.

5. Ќе бидете подобро расположени

Во текот на тренингот, вашиот мозок започнува да отпушта невротрансмитери (ендрофин и сератонин) кои го подобруваат расположението и ја отстрануваат депресијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП