На 15.07.2015 (среда) со почеток од 19.00 часот во КНИЖАРНИЦА ТРИ (ГТЦ први кат) ќе се одржи after-work дружење со авторите на „Tip of the week“ – Прирачниците за личен и за професионален развој, Петар Лазаров и Калин Бабушку.
Преку личното и професионално искуство на авторите, кои воедно се и создавачи на брендот MAMA’S, дознајте зошто е важна истрајноста во животот. Што значи феноменот на позитивни мисли? Зошто знаењето е основа за промени? Зошто на сите ни е потребен одмор и како најдобро да го искористиме? Дали има формула за успех? … и уште многу интересни содржини и приказни.
Инспирирајте се за промени и подгответе се за долго и успешно лето со одличните мотивациони и едукативни совети кои се дел од „Tip of the Week®“ Прирачниците за личен и за професионален развој. Проверете до каде сте со вашите знаења и вештини и како може да се подобрите преку многуте практични примери и вежби.
Ветуваме одлично дружење, ЗАЕДНО СО ВАС со желба за промени и позитивна енергија, изјавија авторите на „Tip of the week“.