27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНеподнослива леснотија на постоењето– Милан Кундера

Неподнослива леснотија на постоењето– Милан Кундера

kniga

Кога ќе почнете да читате некоја книга се чувствувате обврзани и да ја прочитате до крај. Англискиот филозоф, државник, и есеист Френсис Беконима има изјавено Некои книги се пробуваат, некои се проголтуваат, а многу малку се џвакаат и се варат-односно, некои книги треба да се читаат само делумно, но не со љубопитност, а многу малку треба да се прочитаат целосно, со трудољубивост и внимание”. Секое дело треба да оствари лична релација со читателот, размена на енергија, да предизвика возбуда, глад за повеќе страници, и тоа е нешто што секој индивидуално треба да го доживее.

А токму делото “Неподносливата леснотија на постоењето од култниот чешки писател Милан Кундера, кај авторот на овој текст предизвика возбуда, желба да се напише нешто за оваа книга.

Неподнослива леснотија на постоењето, се случува во 1968 година периодот кога Црвената армија ќе влезе во Чешка, оваа книга го опишува животот на интелектуалците кои ќе се осмелат да му се спротистават на режимот кој го наметнува Советскиот сојуз. Тоа е книга и за љубовта , болката и страста. Приказната е раскажана преку неколку ликови : Томаш, Тереза ,Сабина и Франц со нивните животни приказни меѓусебно поврзани ,секој го раскажува својот аспект на приказната, и на тој начин реди камчиња во мозаикот од случки со цел да се добие приказната за периодот во кој живеат. Преку главниот лик Томаш најсурово е прикажан односот на режимските послушници кон интелектуалците. Тој е лекар, врвен специјалист кој поради јавно искажан став, ќе биде отпуштен од работа. Кундера уште на почетокот на книгата се осврнува на идејата на Ниче за вечното враќање како најтежок товар ,,Апсолутното отсуство на товар го прави човека полесен од воздух, го воздигнува високо, го одалечува од земјата и од овоземското постоење, го прави дури половина реален, а неговите движења безначајни толку колку што се слободни,, Поставувајќи ја дилемата за општественaта одговорност тој прашува ,,.Што да избереме тежина или леснотија?,, Ликот на Сабина отвoра друг аспект, а тоа е владеењето на кичот како естетски идеал на сите полиичари и на сите политички партии и движења. Таа е згрозена од кичот што постои во уметноста особено за наивните филмски приказни кои го прикажуваат комунистичкиот идеал. ,,Таму каде што едно единствено политичко движење ја има сета моќ, веднаш ќе се најдеме во царството на тоталниот кич,,ќе забележи таа.

Неподнослива леснотија на постоењето, можеби не е најдоброто дело на Кундера, но сигурно е најпознатото. Брилијантно дело кое го препорачуваме за секој љубител на добрата книга.

korica

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП