25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас во ЕП ги обвини претходните влади и најави борба против олигархијата

Ципрас во ЕП ги обвини претходните влади и најави борба против олигархијата

cipras-ep-ep

Преку програмите за штедење минаа и друг земји, но ниту една како Грција којашто стана лабораторија за политиката на штедење којашто се покажа безуспешна, изјави во средата грчкиот премиер Алексис Ципрас во Европскиот парламент во Стразбур, но за тешката ситуација во земјата ги обвини претходните грчки влади а не Европа.

„Ние станавме експеримент за политиките на штедење. Тоа доживеа неуспех, невработеноста експлодираше… Тоа беше пат кој не води никаде“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во својот прв говор пред Европскиот парламент, откако во неделата на референдумот Грците со убедливо мнозинство застанаа на негова страна и го отфрлија предлогот на меѓународните доверители кои содржеа и одредени мерки за дополнително штедење.

Говорот на Ципрас, исто така, следеше еден ден откако челниците на земјите од еврозоната ѝ дадоа на Грција ултиматум до четврток да достави одржлива програма за реформи, доколку и натаму сака да остане членка не монетарната унија.

По настапот на грчкиот премиер, следеше бурна расправа во Европскиот парламент, со дофрлувања, извикувања, негодувања и одобрувања, пренесуваат агенциите.

Ципрас изјави дека финансиската помош којашто досега ѝ беше давана на Грција, станува збор инаку за повеќе од 240 милијарди евра во два пакета надворешна помош и уште 107 милијарди евра отпишани долгови на приватни доверители, не стигнале до народот туку била користена за спасување на грчките и на европските банки.

Истакна дека грчкото „не“ на референдумот од 5-ти јули, со кој беше одбиена понудата на доверителите во замена за реформската програма за штедење што требаше да ја претстави неговата влада, не значи „не за Европа“. Тоа не е раскинување со Европа, туку „враќање на темелните европски начела, заемното почитување, еднаквоста и солидарноста“, рече Ципрас.

„Добивме силен мандата да најдеме излез од кризата без екстремно штедење, коешто претставува маѓепсан круг и рецесија.. Потребна ни е поправедна распределба ба товарот“, реле Ципрас, додавајќи дека товарот на кризата мора да ја понесат они коишто можат да ја носат, а досега паѓала на плеќите најсиромашните, работниците и пензионерите.
Ципрас најави дека неговата влада ќе поднесе барање за помош од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), а во следните два дена ќе ги прецизира своите предлози. Малку подоцна претставници на ЕСМ за Reuters потврдија дека од Атина добиле официјално барање за програма за кредитирање. Во средата, претседателот на Еврогрупата, холанскиот министер за финансии Јероен Дијселблом предупреди дека барањето до ЕСМ не смее да биде поднесено подоцна од 8-ми јули, а во писмената изјава истакна дека „програмата за реформи од Грција се очекува на 9-ти јули“.

„Таканаречените поранешни реформи не го подобрија општото добро. Предлагаме поинакви реформи: борба против олигархијата и картелите, борба против фискалната евазија, модернизација на државата. Тоа се нашите приоритети и очекувам договор со напите партнери за тие приоритети“, изјави Ципрас.

Додаде дека за сите грчки неволји не ги обвинува странците, туку претходните грчки влади коишто со децении граделе клиентелистичка мрежа.

Притоа побара решение за големиот грчки долг. „Потребно ние е решение за долгот, тоа не смее да биде табу тема“, рече Ципрас.

Германија од своја страна истакнува дека не може да стане збор за отпишување на долгот, што е забрането со европските договори. Постои, меѓутоа подготвеност за разговор со олеснување на должничкиот товар, но дури откако виде постигне договор и почне да се спроведува реформска програма.

Цирпас беше силно критикуван од шефот на пратеничката група на Европската народна партија (EPP), Манфред Венер, кој рече дека „ја уништил довербата во Европската унија, не му ја зборувал вистината на народот и дека не ги изнел предлозите за преговорите“. Зборовите на Вебер беа проследени со негодување од европратениците од крајно левите парти кои му дофрлува „засрами се“.

„Ципрас е избран претставник и ние тоа го почитуваме, но на политички план ќе продолжиме да се бориме против него. Вие го сакате неуспехот, ние го сакаме успехот, ви ги сакате поделбите, а ние компромисот. Се надевам дека брзо ќе се вразумите и ќе ја претставите програмата“, му порача Вебер на грчкиот премиер.

Го запраша како може да им го објасни неприфаќањето на мерките за дополнитечмно штедење на Бугарите, „кои имаат пет пати помала плата отколку Грците“, како и дека словачкиот премиер побара референдум, бидејќи на Словаците им е преку главата да плаќаат за Грција.

„Европските екстремисти Лепен, UKIP, се со вас и ви ракоплескаат. И Фидел Кастро ви испрати честитки, Вие навистина немате добри пријатели“, изјави германскиот демохристијанин Вебер.

Челникот на пратеничката група на европските социјалисти, Џани Питела, пак, силно се заложи за останувањето на Грција во еврозоната. „Вие не ѝ припаѓате на мојата партија, Но јас сум Европеец и во името на својата партија, во велам дека ние Европејците никогаш нема да го прифатиме излегувањето (од еврозоната) на Грција. Се создадоа услови за постигнување договор оваа седмица“, реле Питела додавајќи дека е „праведно да се разговара за реструктуирањето на долгот“,

Шефот на европските либерали, Ги Верховштад му забележа на Ципрас дека само зборува за реформите, меѓутоа дека не постигнал ниеден реформскиот предлог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП