17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАSotheby's: Неуспех на Бејкон, Ворхол за рекордна сума

Sotheby’s: Неуспех на Бејкон, Ворхол за рекордна сума

sothhhhh4444

Сликата на славниот американски уметник Енди Ворхол со наслов „Еден долар“, прва од серијата за банкнотите на американската валута, продадена е во средата навечер на наддавање во Лондон за 20,9 милиони фунти, што е најголемата цена што ја постигнала некои дело од современата уметност, соопшти во четвртокот аукциската куќа Sotheby’s.

Инаку, целиот приход остварен на наддавањето во Лондон изнесува 130,4 милиони фунти.

„Станува збор за најголемиот приход од наддавање за дела од современата уметноста во Лондон во историјата на Sotheby’s. Претходниот рекорд изнесуваше 123,5 милиони и беше постигнат во февруари годинава…. Дури 78 отсто од понудените дела никогаш порано не беа изложен на аукција, а 84 отсто од нив беа продадени“, се истакнува во соопштението на аукциската куќа.

Сепак, не беше остварена првичната процена за постигнување сума меѓу 143,2 и 204,6 милиони фунти, како што проценуваа претходно во Sotheby’s.

Во прв ред затоа што најавната како ѕвезда на наддавањето, сликата „Скица за студија на Папата – I“, на британскиот уметник Френсис Бејкон, првично проценета на 25 до 35 милиони фунти, остана непродадена затоа што не ја постигна саканата цена. Ова дело, инаку, се смета за една од најважните работи од серијата слики со портрети на папи, кои уметникот ги создал во периодот интригиран од сликата на Диего Веласкез „Портретот на Инокентиј X“.

Два автопортрета на Френсис Бејкон, од 1975-та и 1980 година, беа продадени за 15,3 односно за 14,7 милиони фунти, а претходно беа процените на 10 до 15 милиони фунти.

На наддавањето во средата доминираа осум дела на Енди Ворхол вдахновени од американската банкнота, а делото на американскиот уметник создадено во 1962 година „Еден долар (Сребрен сертификат)“ ја надмина предвидената цена од 18 милиони фунти и беше продадено за 20,9 милиони фунти, што е рекордна сума. „За сликата наддаваа четири упорни колекционери, и крајната цена значително ја надмина процената од 18 милиони“, се вели во соопштението на Sotheby’s. Делата на Ворхол заработија вкупно 34,4 милиони фунти, а уште 11 неговите слики ќе бидат понудени на наддавање во четвртокот.

На аукцијата е поставена колекцијата од 21 дело на Енди Ворхол со варијации на банкнотата на американската валута. Вкупната процена на колекцијата е меѓу 41 и 57 милиони фунти.

Најжестокото натпреварување на аукцијата имаше околу делото „Четири јајца на чинија“ на Лусијан Фројд од 2002 година. Сликата којашто ја подарил на покојната војвотка од Девоншир, е продадена за 989 илјади фунти, речиси десет пати повеќе отколку што се очекуваше, 100 до 150 илјади фунти.

Уште едно дело на современ уметник на наддавањето во Лондон ја надмина првично проценетата сума за 12 до 16 милиони. Сликата „Кула од тули“ на Герхард Рихтер, имено, беше продадена за 14,1 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП