28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија поради Грција може да остане без речиси две млрд евра

Словенија поради Грција може да остане без речиси две млрд евра

slovenijaplataluge1

Реакциите во Словенија на одлуката на владата на Грција да распише референдум за прифаќање или отфрлање на предлозите од доверителите, што може да доведе до банкрот на земјата и нејзино излегување од еврозоната, се многу негативни бидејќи Љубљана би можела да остане без повеќе од 1,8 милијарди евра.

Словенија на Грција преку двата механизми за стабилизација на еврото досега и позајмила 263,69 милиони евра и издала уште 1,55 милијарди евра во гаранции. Тоа претставува четвртина од словенечките годишни буџетски приходи, а Грција вратила досега само 17,6 милиони евра по камати.

„Како што стојат нештата, најверојатно ќе мораме да заборавиме на нашите пари коишто ѝ ги дадовме на Грција“, изјави во неделата словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец. „Грција е пред политичка криза којашто ќе доведе до предвремени избори, а можеби дури и излегување на земјата од еврозоната“, додаде Ерјавец за кого грчкиот премиер Алексис Ципрас самиот ја довел земјата во безнадежна ситуација и дека за референдумот се одлучил бидејќи не може да ги исполни нереалните предизборните ветувања.

Малку поблаг кон владата на Ципрас е претседателот на словенечките Социјални демократи, Дејан Жидан, кој е министер за земјоделие во владата на премиерот Миро Церар. Според него, причините за крахот на преговорите со Грција треба да се бараат не само во нереалните ветувања на Ципрас, туку и во однос на челниците на ЕУ кои не знаеле да ги побараат решенијата кои би биле кредибилни но и социјално одржливи, како и во „покровителскиот“ однос кон Грција кој понекогаш се покажувал во преговорите.

„Во Грција не станува збор само за финансиска, туку и за економска, социјална и политичка криза, вели Жидан, предупредувајчи на чувствителната геополитичка позиција на Грција поради напливот од бегалци поради војните во Ирак и во Сирија.

Според него, референдумот е легитимно право на Грците, а решението на кризата треба да с најде со компромис кој не би го казнувал само грчкиот народ поради грешките на неговите влади.

Словенечкиот премиер Миро Церар претходно во саботата го коментираше неуспешниот крај на преговорите со грчката влада, велејќи дека распишувањето на референдумот е многу некоректен потег на владата на Ципрас, а можеби и обид за уцена на којашто би требало да реагира ЕУ.

Претседателот Борут Пахор изјави дека станува збор за сериозна ситуација, но дека можеби би можело да се најде формула за да се одложи решението и да се побара компромис во рок од три месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП