10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна Летниот саем на книга во Рамстор мол

Започна Летниот саем на книга во Рамстор мол

knigi ramstor

Летниот саем на книга во скопскиот трговски центар Рамстор Мол започна во четвртокот, и во текот на следните четири дена, секој ден од 10 до 22 часот, со свои најнови и постоечки изданија на книги се претставуваат вкупно тринаесет издавачки куќи од земјaва.

Четиридневната програма на Летниот саем на книга предвидува до 70 отсто попуст на некои од изданијата, дружење со познати автори и промоции на дела.

Според програмата, на првиот ден од саемот се претставија поетесата Искра Донева, која ја читаше својата поезија и авторот Миле Костов кој имаше промоција на свое дело и потпишување книги. Во наредните денови се очекуваат промоции и потпишување книги од Горјан Петревски, во петок и Петар Лазаров, во недела.

Рамстор Мол, како и секогаш ја покажува својата грижа за најмалите, па затоа во текот на викендот организира детски работилници со цртање и пишување песнички.

Саемот на книга ќе трае до 28-ти јуни, недела, на кое љубителите на книгата ќе може да се запознаат со новите изданија на издавачките куќи Просветно дело, Култура, Полица, Икона, Издавачки центар Три, Ѓурѓа, Макавеј, Либи, Либрис, Магор, Арс Ламина, Конгресен Сервисен Центар, Манускрипт. Од Рамстор Мол ги покануваат сите љубители на книгата и пишаниот збор да го посетат трговскиот и да си ја обезбедат својата летна залиха на книги по одлични цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП