20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСистем за зголемување на персоналната продуктивност (СЗПП) - Што е тоа?

Систем за зголемување на персоналната продуктивност (СЗПП) – Што е тоа?

ZaSZPP

Ние живееме во време кое се карактеризира со зголемена динамика и со оптеретувачки  број на задачи било професионални, било приватни кои треба да ги направиме во одредено време и во време во кое се налага паралелно вршење на неколку задачи истовремено. Секако тоа си има свое влијание пред се на менталното здравје на поединецот. На пример, во најмала рака, колку пати ни се има случено да слушнеме кај друг или кај себе да рече “ Е заборавив да…“.  Се поставува прашањето  како можеме ефикасно да ги организираме работите од  таквата зголемена динамика и со оптеретувачки  број на задачи, било професионални, било приватни кои треба да ги направиме во одредено време и во време во кое се налага паралелно вршење на неколку задачи истовремено, а притоа  функционираме продуктивно со “непоматен” ум, со позитивно чувство на релаксирана контрола ги завршувате   работите, со минимален напор низ целиот спектар од вашиот живот и работа и вo вашата организација?

Големата разлика помеѓу она што јас го правам и она што другите го прават е тоа што јас ги прибирам и  ги организирам сите  мои “НЕШТА”- било што постои во вашиот психолошки или физички свет, а што не припаѓа таму каде што е, но за кои сé уште не сте го одредиле посакуваниот резултат и следниот акционен чекор, во алатки на дофат на раката, а не во мојот ум.  А тоа се однесува на се-мало или големо, лично или професионално, итно или не.  Морате Сè. Така да, не сакам да го губам времето во размислување за “нештата“ повеќе од еднаш. Тоа е неефикасно користење на креативна енергија и извор на фрустрации и стрес. А како и не би било, кога твојот ум ќе продолжи повторно и повторно да мисли на се она  што сеуште е во таа нерешена состојба. Но, како што ни е добро познато постои лимит  на тоа колку нерешени “нешта” умот може да зачува пред да дојде до ситуација во крајна линија на нервен слом.  На пример, во последните неколку минути, дали вашиот ум се префрлува на нешто друго кое што нема ама баш никаква врска со тоа што го читаш тука? Веројатно. А што е уште поважно, што направивте околу тоа освен што се обидовте да го запомните? Повеќе од веројатно е ништо. Прогрес нема, а тензијата е зголемена.

Системот за зголемување на персонална продуктивност- (СЗПП)  претставува пристап за  управување со работата/животот  кој се базира на принципот дека треба да ги “исфрлите” работите-нештата надвор од вашата глава и ги евидентирате во систем на кој што можете да му верувате. Ова го ослободува вашиот ум од потребата за помнење на сè она што треба да се направи, а тоа ви овозможува да се концентрирате  целосно на она што всушност  се прави.

Централно место во СЗПП е дискретен мисловен процес низ кој што мора да поминете со секоја задача или проблем со кој  се соочувате. Две прашања мора да бидат одговорени: “Кој е успешниот исход?“ и “Која е следната активност?“. Со расчистување на она што треба да се постигне, а потоа да се одлучи за веќе следниот физички чекор кој  е потребен, ние може да генерираме јасен сет на следни активности кои може да се превземат веднаш штом  сме во вистинскиот контекст.

 

Горанчо Ивановски, сите права задржани март 2013.

 

 

За Горанчо Ивановски,

Авторот на овој текст е еден од ретките мислители и истражувачи од областа на персоналната продуктивност и менаџирање на времето. Тој е автор и писател на текстови од областа на персоналната продуктивност.

Основач е на Ценатарот за животен менаџмент-МАСТЕР и има повеќегодишно знаење и искуство од областа на персоналната продуктивност, но и како предавач.

Живее и работи во Крива Паланка, Р.Македонија.

 

goranc

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП