23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на документарецот за Студентскиот „Гоце Делчев“

Премиера на документарецот за Студентскиот „Гоце Делчев“

goce-studentski

Во рамките на фестивалот за документарен филм Македокс, премиерно ќе биде прикажан и документарниот филм за условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ под наслов „Зелени ѕидови, црна храна, во четврток, кино Фросина, во 19 часот.

Филмот говори за моменталната состојба на овој студентски дом, за условите за живот некогаш и сега како и за факторите кои го довеле домот до таква страшна состојба.

Приказна за секојдневието на студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје, студентски дом кој во минатото важел за елитно место за живеење.

Личните приказни и мислења на студентите, нивната борба за адаптација и изборот помеѓу храброста и стравот во една таква средина.

Авторка на овој документарен филм е Сандра Ѓоргиева за која истиот претставува испитен филм на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП