28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА‘Светот Јура’ најбрзо до заработка од милијарда долари

‘Светот Јура’ најбрзо до заработка од милијарда долари

jura 2039

Долгоочекуваниот филмски спектакл „Светот Јура“ е на пат да ги собори сите рекорди според заработката на кино касите и по само тринаесет дена откако беше пуштен во дистрибуција ја достигна границата од милијарда заработени американски долари, соопшти студиото „Universal Pictures“.

Досегашен рекордер во овој показател беше филмот, исто така, на „Universal Pictures“, „Бези и жестоки 7“, кој во април 2015 година до милијарда долари дојде за првите 17 дена од прикажувањето.

„Светот Јура“ е снимен петнаесет години по последниот дел од трилогијата започната во 1993 година со „Паркот Јура“ на славниот Стивен Спилберг. Станува збор за еден од најуспешните филмски серијали на сите времиња.

Дејствието во „Светот Јура“ е сместено 22 години по настаните кои се случија во „Паркот Јура“, а со 106,6 милиони долари заработени изминатиот викенд се пласираше на второто место според заработката во втората седмица од прокажувањето на американскиот пазар, со вкупно заработени 400 милиони долари за само десет дена.

Филмот ширум светот веќе по првиот викенд од прикажувањето ја натфрли бројката од половина милијарда долари остварени на кино касите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП