18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделени наградите на ИКС ДЕНС 2015

Доделени наградите на ИКС ДЕНС 2015

dens 33540

На меѓународниот натпревар во кореографија „ИКС ДЕНС“ 2015 кој се одржа на 17-ти и 18-ти овој месец во Центарот за култура во Струга, бројни млади балетски уметници и танчери ги прикажаа своите впечатливи и оригинални кореографии.

Жирито во состав Надица Битољану Делиниколова (претседател), Елена Антова Петровиќ и Александра Кочовска-Начева (членови), ги оценуваше учесниците во повеќе танцови дисциплини и возрасни категории, од класичен балет, нео класика, современ балет до народно стилизиран танц и модерни танци.

Меѓу лауреатите во класичен балет беа: Меланија Гоцевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ева Џингова, Виолета Карајанова, Матеа Каревски, Исидора Китановиќ и Матеј Мицов, како и балетски уметници, ансамбли од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје. Бојана Арсовска е добитник на специјална награда за најнадежен млад талент.

Посебно атрактивни беа кореографиите на лауреатите: Асел Жалбирова, Диана Усатова и танчерите од Академијата за уметност на Казахстан, кои блеснаа во латино ритмите и народно стилизираните танци, како и Хаја Абајев и Алена Малкин од Израел.

„Денс Тим Фјужн“ од Куманово беа меѓу наградените во категоријата современ балет.

По доделувањето на наградите, се одржа и Гала концерт на кој настапија наградените учесници. За странските учесници се организирани екскурзии до Вевчани и Охрид, а организаторите на фестивалот „Икс Денс“, Естрада Мултимедија Центар, се подготвуваат за следните два големи проекти: Хорски Форум и меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП