21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве години во ЕУ: Како живеат Хрватите?

Две години во ЕУ: Како живеат Хрватите?

1082902572556c570157817760454435_w640

Хрватска дала 730 милиони евра, а добила 700. Ветувањата за подобар живот со влегувањето во ЕУ не се исполнија, а забележан е и егзодус на младите луѓе од Хрватска во ЕУ.

Две години по влез во Европската унија направена е пресметка и дилеми повеќе нема – Хрватска платила повеќе за членството, отколку што добила од Брисел.

Новите податоци покажуваат дека Хрватска платила 30 милиони евра повеќе отколку што повлекла од фондовите. Добила 700 милиони евра, а во Брисел уплатила 730 милиони.

 

Најсиромашната тројка

Новите податоци откриваат дека Хрватска е меѓу трите најсиромашни земји во ЕУ, а зад неа се Бугарија и Романија. Хрватските граѓани по индивидуалната потрошувачка далеку заостануваат зад развиените земји членки на ЕУ, но и зад Словенија.

И поранешната десна и сегашната лева власт не направија доволно за да понудат програма за која би можело да се обезбедат европски пари. Процедурата е долга и комплицирана и двете години членство не се искористени како што можеше да се искористат. Така, Хрватска е единствена членка на ЕУ за која „чланарината“ беше толку скапа, бидејќи Брисел не ги препозна проектите за кои би дал пари.

За две години членство Хрватска не успеа ниту да привлече европски инвеститори во мерката во која се очекуваше. Бројните административни препреки и понатака стојат пред европскиот капитал, па малкумина се оние кои се одлучуваат да изградат фабрики. Повеќето Европејци се заинтересирани за инвестирање во туризмот, односно за мали пари да добијат хотели и туристички објекти на Јадранот.

Европа повеќе не е хит во Хрватска. Малкумина се оние кои се повикуваат на ЕУ, а информираноста на хрватските граѓани околу случувањата во Европа никогаш не биле полоши. Економистите приговараат дека приоритетите цело време ги одредувал Брисел, па најчесто хрватските пари се користеле за увоз на производи од ЕУ. Тоа е и причина што никој во Брисел не е премногу заинтересиран дали Хрватите ја добиваат вистинската слика за случувањата во ЕУ, со цел да се сокрие пресметката која е поволна за Европејците, а крајно неповолна за Хрватите.

Незадоволните лица се зголемуваат. Ветувањата за подобар живот со влегувањето во ЕУ не се исполнија, додека истовремено се бележи егзодус на младите лица од Хрватска во змејите на ЕУ. Пресметано е дека за две години од земјата заминале дури 50.000, најмногу медицински лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП