21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоматите го прочистуваат телото

Доматите го прочистуваат телото

tomatoes4

Доматот е многу корисна намирница, богата со разновидни нутриенти, а предност е тоа што таа може да се подготви на многу начини. Поради тоа е есенцијален дел од здравата исхрана.

Доматот е најмногу познат по големото количество на ликопен – антиоксидант неопходен во нашето тело, задолжен за целосно чистење на организмот. Ликопенот помага во борбата против канцерогените клетки, а делотворен е и кај многу други болести. Овој силен антиоксидант не штити од слободните радикали и предвременото стареење. Ниедно друго овошје или зеленчук не може да се пофали со толку висока содржина на ликопен како доматот.

Богат е со протеини, бета-каротен, билни масти, витамини А, Б, Ц, Д, К, а од минералите со железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум и фосфор. Во завидни количини содржи и лутеин, минерални соли, кофеинска, хлороденска и ферулинска киселина, флавоноиди, како и бројни други корисни состојќи. Во помали количини содржи и некои ретките минерали, како што се бакар, манган, бор и бобалт.

Само една чаша сок од домати дневно може да ви помогне да го одржите здравјето добро. Истражувањата потврдија дека доматот може да спречи не само рак, туку и болести на срцето и крвните садови.

Tomato-HD-Wallpapers4

Помага при проблеми со…

Чиреви

Кожни проблеми како акните

Одредени кожни заболувања

Анемија, артритис, асма

Болести на усната шуплина и фаринксот

Остеопороза

Пореметување на крвниот притисок…

Неговиот сок го…

Чисти телото

Зајакнува имунитетот

Поправа крвната слика

Регулира варењето

Прочистува крвните садови…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП