21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот економски раст

ОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот економски раст

ekonomija rast 335

Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2015 година, но очекува дека пониските цени на нафтата и поттикнувачките монетарни политики ќе го поткрепат постепеното заздравување.

До крајот на годинава светската економија, според новите процени на ОЕЦД, би требала да порасне за 3,1 отсто. Ланскиот ноември, пак, беше прогнозиран раст за 2015 година од 3,7 отсто. Во следната 2016-та, пак, активностите би требало да забрзаат на 3,8 отсто, прогнозираат во ОЕЦД.

Благодарејќи на поткрепата од пониските цени на нафтата, програмите за откупување на хартии од вредност кои ги покрена Европската централна банка (ECB) и јакнењето на американскиот долар, економијата на еврозоната би требала оваа година да порасне за 1,4 отсто, а во следната година растот би требало да забрза на 2,1 отсто, се наведува во процената на ОЕЦД.

Монетарната политика сé уште е значаен фактор и за американската економија, на којашто ОЕЦД во оваа година ѝ предвидува 2,0-процентен раст, и забрзувањето во 2016-та на 2,8 отсто. Минатата 2014 година најголемата светска економија, пак, забележа раст од 2,2 отсто.

И Јапонија осигура силни монетарни поттикнувања за својата економија, којашто според процентите на ОЕЦД, годинава би требало да порасне за 0,7 отсто, а во следната година темпото на растот би требало двојно да биде зголемено.

Од ОЕЦД ја пофалија монетарната политика на водечките светски економии, а меѓу поттикнувачките фактори ги издвои и цените на нафтата, кои според нивните процени оваа и следната година би требало да го зголемат стапките на раст за четвртина процентен поен. Ги загрижува, пак, ниското ниво на вложувања.

„Главната причина за слабите вложувања е слабото заздравување и сомнежите во изгледите за посилен раст. Постојат и специфични причини во поедини земји, сé уште слабото кредитирање во поедини делови од Европа, пониските цени на нафтата во Северна Америка, прекумерните инвестиции во претходниот период во Кина и продолжениот процес на прилагодување во секторот на недвижнини во повеќето членки на организацијата“, се наведува меѓу другото во економските прогнозите ОЕЦД.

Во освртот на монетарната политика во претстојниот период, ОЕЦД ѝ порачува на американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека постапното јакнење на активностите и инфлацијата „бараат постепени подигнување на каматните стапки“. „Во еврозоната и во Јапонија, пак, многу ниската стапка на инфлација ја оправдува поттикнувачката монетарна политика, како и што се планира“, додаваат од ОЕЦД.

Оваа организација обединува 34 земји, повеќето развиени како САД, земјите од Европската унија, Австралија или Јапонија, но и нови силни економии, како што се Мексико, Чиле и Турција. Трите големи економии во силен подем, Кина, Бразил и Индија не се членки на ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП