27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзбегнувајте ги овие лоши комбинации на намирници

Избегнувајте ги овие лоши комбинации на намирници

milk-and-coffee

Комбинацијата на одредени намирници може да ја намали нивната хранлива вредност и да влијае лошо на нашето здравје. Погледнете кои намирници треба да ги избегнувате.

Ако одредени намирници ги јадете заедно, негативно ќе делуваат една на друга и ќе ја намалат својата хранлива вредност.

Последиците од ваквите комбинации се надуеност, колитис, лошо варење, иритирани црева, мигрена, артритис, кандида или хроничен замор, особено по оброците.

Месо и сирење. Калциумот од млечните производи го отежнува апсорбирањето на железото од месото. Инаку, со оваа комбинација се внесуваат премногу белковини од животинско потекло, а тоа ги заморува бубрезите.

Млеко и кафе. Популарното кафе со млеко за некои е претешко бидејќи овие две намирници заедно создаваат супстанци за чие варење се потребни три часа.

Месо и компир. Оваа комбинација предизвикува надуеност, подригнување и гасови. Празнењето на желудникот е забавено што предизвикува запек, но и забрзано исфрлување на несварената храна. Чувството на исцрпеност и замор е пратечка појава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП