5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗападна Европа најпопуларна за директни странски инвестиции

Западна Европа најпопуларна за директни странски инвестиции

investicii evropa22

Според резултатите од истражувањето за активностите на европскиот пазар („European Attractivenes Survey 2015“) кое го спроведе ревизиско-консултантската компанија „EY“ (претходно „Ernst & Young“) директните странски инвестиции (SDI) насочени кон Европа достигнаа нов рекорд во 2014-та со инвестирани 305 милијарди долари.

Истражувањето покажа дека во текот на минатата година 43 европски земји (вклучувајќи ги Русија и Турција) имале 4,341 инвестициски проекти, што е за десет проценти повеќе од бројката која беше забележана во 2013-та. На тој начин, во 2014-та се отворени нови работни места што претставува раст од 12 отсто во споредба со претходната година.

Резултатите од тринаесетото по ред истражување за активностите во Европа за инвестициите кои ги резлизираше компанијата „EY“, укажува на тоа дека Западна Европа привлекла половина од сите светски инвестиции во текот на 2014-та, што претставува раст од 5 отсто во однос на 2013-та. Со овој резултат, Европа ја престигна Кина која бележи пад во инвестициските проекти од шест проценти и така стана најатрактивната дестинација за странските инвестиции. Раст на инвестициите во регионот на Северна Америка од 32 на 39 проценти, го постави овој регион на второто место по атрактивност на глобално ниво, додека Кина падна од првото на третото место.

Секторски активности.

Економското закрепнување во придружба на трендот на вредоста на еврото и ниските цени на енергентите помогна за оживување на привлечноста на секторите за производство во Европа. Производството доведе до раст на директни странски инвестиции од 20 отсто и исто толкав раст во вид на бројот на работни места.

Услугите имаа различни резултати во оваа година: софтверски проекти (раст од 27 проценти), финансиско посредување (раст од 37 отсто) и администрација (раст од 15 посто) сите постигнаа зголемен раст. Од друга страна, секторот на бизнис услуги имаше пад од 24 отсто, а го следи секторот за истражување и развој со пад од само еден процент.

Потекло на инвестициите.

Европските компании се одговорни за половина (51 процент) од инвестициските проекти упатени кон Европа, додека четвртина од инвестициите пристигнаа од мултинационалните компании од САД. Следни според бројот на странски инвестиции во 2014-та се кинеските компании со 210 проекти. Ова претставува раст од скоро 40 проценти во однос на претходната година и јасно укажува на новата политика која кинеската влада ја спроведува со цел на стекнување на странска технолгија, брендови и ресурси, поради зголемување на домашното производство и услуги.

Претстојни трендови.

Истражувањето покажа дека 59 отсто од инвеститорите позитивно гледаат на преспективата на Европа во следните три години, но само 32 проценти од раководителите имаат планови да започнат или прошират својата работа во Европа во текот на наредната година.

Странските инвеститори ја гледаат бирократија (20 отсто) и бавниот економски раст (17 проценти), како најголем недостаток на Европа, додека геополитичката несигурност на европските граници (11 посто) и големиот дефицит (11 отсто) се наведени како многу мали недостатоци. Европските земји мораат дополнително да ја продобруваат фексибилноста на пазарот на труд, да ја поедностават регулативата и да поттикнат кооперативнс бизнис средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП