Дефицитот на рускиот федерален буџет во првата половина од оваа година прелиминарно беше проценет на 3,69 трилиони рубли (40 милијарди евра), објави денес руското Министерство за финансии.
Според таа проценка, во набљудуваниот период, приходите на федералниот буџет изнесувале вкупно 17,585 милијарди рубљи (190 милијарди евра), објави ТАСС. Тоа е за 2,8 проценти повеќе од приходите остварени во 2024 година.
Расходите на федералниот буџет на крајот од извештајниот период се зголемија за 20,2 проценти, на 21,28 трилиони рубли (230 милијарди евра).
„Сегашното ниво на буџетскиот дефицит е главно предизвикано од авансно финансирање на расходите во јануари оваа година и падот на приходите од нафта и гас, но тоа нема да влијае на постигнувањето на целните индикатори за структурната рамнотежа за 2025 година како целина“, соопшти руското Министерство за финансии.