17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделување на наградата „18 Мај - Меѓународен ден на музеите“

Доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“

манастири

Свечено доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирани во 2014 година, ќе се одржи во среда вечер во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам.

На Kонкурсот за доделување на наградите пристигнаа девет проекти кандидирани во три категории, а стручната комисија ги додели следните награди:

Наградата Музеј на годината за 2014 година се доделува на НУ Музеј за современата уметност – Скопје

Наградата Музејски проект на годината за 2014 година се доделува на авторот м – р Перо Арџанлиев, виш кустос за хеленистички период во НУ Археолошкиот музеј на Македонија за Проектот: Златното лице на непознатиот македонски крал, македонците и келтите од брегот на Охридското езеро – Судир на култури?

Наградата Музејски работник на годината за 2014 година се доделува на диа Лилјана Мангароска од НУ Музеј на Македонија.

Во категоријата Музејски проект на годината за 2014 година, во поткатегорија
Проекти осмислени за посебни целни групи, комисијата одлучи да додели пофалница за Проектот: Доприја ја културата – почуствувај ја уметноста, од НУ Завод и Музеј Охрид и одговорото лице Горан Патчев.

Во категоријата Надворешен музејски соработник, комисијата предложи и одлучи да додели посебна Пофалница за авторите на емисијата: Кулурна матрица, која се емитува на Телевизија 24 вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП