26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставници од Агенцијата за вработување ќе се среќаваат со граѓаните

Претставници од Агенцијата за вработување ќе се среќаваат со граѓаните

vrabotuvanje-mesto

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, од денеска на средби со граѓани во работните клубови на центрите за вработување во повеќе градови, ќе информира за активностите што се спроведуваат за подобрување на состојбата на пазарот на труд.

Првата средба на Поповски ќе се одржи денеска во Тетово, со дискусии  за сите прашања поврзани со невработеноста, вклучувањето во активните програми на пазарот на трудот, соработката и услугите за работодавачите и невработените лица и за други прашања што се однесуваат на улогата и функцијата на Агенцијата за вработување на променливиот пазар на труд.

За понеделник, 18 март, се предвидени средби во работниот клуб на Центарот за вработување во Гостивар,  на 19 март во Куманово, на 20 март  во Битола, на 21 март во Струмица, а на 22 март во Прилеп. Средбите во работните клубови на центрите за вработување ќе  се одвиваат од 13 до 15:30 часот.

Од понеделник, средби со заинтересираните граѓани ќе имаат и раководителите на останатите центри за вработување во просториите на работните клубови, во периодот од 13.00 до 15.30 часот, а на кои ќе присуствуваат и претставници од централната служба на Агенцијата за вработување.

Во понеделник средби ќе  се одржат во Берово, Валандово, Велес и Неготино, во вторник во Виница, Гевгелија, Дебар и Охрид, во среда во Делчево, Демир Хисар, Кавадарци и Пробиштип, во четврток во Кичево, Кочани, Кратово и Радовиш, а во петок во Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод и Ресен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП