Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со водедување на пракса и волнтирање во претпремачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференциа “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 – 24 мај 2015 година.
Конференцијата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На конференцијата свои презентации имаа и Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика, како и Дарко Димитров од Националната агенција за Европски образовани програми и мобилност.
Целта на проектот е преку активно вклучување на младите луѓе и младинските организации со структурен дијалог со релевантните засегнати страни, да се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.
До Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени и препораките како востоставување на критериуми за вработување во граѓански организации и нивно активно вклучување во мерките на Агенцијата за вработување.
Потоа, креирње и воспоставување на младинска гарантна шема во рок од шест месеци за регистрирани невработени млади и млади кои предвремено го напуштле образованието до 30 години според практиките од ЕУ, вклучувајки пилотирање и план за финансирање.
Исто така, се препорачува и дополнување на системот на АВРМ во насока на следење на професионалниот и кариерниорт развој на младите, како и учество во креирањето на образовни програми во сфератите кои имаат дефицит на кадри за вработување.
„Овие препораки треба да придонесат да се зголеми вработеноста на младите во приватните компании и да допринесе за равој на претприемништвото во Македонија. Исто така со овие препораки веруваме дека ќе се зголеми активното учество на младите и граѓанските организации во креирањето на јавните политики поврзани со вработување и со младите“, вели Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА.
Во рамките на проектот се одржаа 10 локални дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Скопје, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои младите и останатите засегнати страни разговараа за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, и дадоа свои препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. На средбите кои беа оддржани се дискутираше и за активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.
Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 28 членки