26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 причини поради кои треба да јадете јагоди

5 причини поради кои треба да јадете јагоди

Strawberry1

Јагодите се летно овошје во чиј вкус повеќето од нас уживаат, а најмногу ги сакаме во овошните салати, колачи или едноставно натопени во шлаг или чоколадо. Со оглед на тоа што нивната сезона веќе почна, секако би требало што почесто да ги јадете, особено поради сите бенефиции кои ги имаат за нашето здравје.

1. Ви помагаат да ослабите

Ако сакате да ја подобрите линијата пред одење на плажа, јагодите можат да ви помогнат во тоа. Ова овошје содржи антоцијанини, кои помагаат при согорувањето на масните наслаги, бидејќи организмот ги користи како гориво. Истражувањата покажале дека антоцијанините исто така позитивно влијаат на краткотрајното помнење.

2. Ја ублажуваат болката

Докажано е дека јагодите имаат антивоспалителен ефект и дека ја ублажуваат болката. Истражувањата покажале дека јагодите ги намалуваат маркерите на воспаление, а препорачано е да ги конзумирате три пати неделно за да го намалите ризикот од воспаленија.

strawberries-basket-2

3. Имаат антиканцерогено и антиалергиско дејство

Докажано е дека јагодите имаат антиканцерогено дејство. Ова овошје е богато со флавоноиди кои се борат со канцерогените клетки и водено ја спречуваат нивната способност да се размножат. Освен тоа, фенолните киселини од јагодите имаат антиалергиски својства, што значи дека помагаат при намалените биохемиски процеси, кои се поврзани со алергиски реакции. Сепак, иако им помагаат на луѓето со алергии, постојат луѓе кои се алергични токму на нив.

4. Помагаат во борбата со шеќерот

Иако имаше одредени недоумици дали лицата со зголемен шеќер смеат да јадат јагоди или не, неодамнешна студија покажала дека јагодите всушност го регулираат нивото на шеќер во крвта, дури 130 грама свежи јагоди значително можат да го намалат нивото на шеќер во крвта.

91529_profimedia0157998457--jagode_630x0

5. Го забавуваат стареењето

Јагодите се исклучително богати со антиоксиданси. Толку многу што се наоѓаат на четврто место по ред на листата на намирници со најголема концентрација на антиоксиданси. Тие се важни за нашиот организам затоа што го заштитуваат телото од слободни радикали, кои не се само предизвикувачи на многу болести, туку го забрзуваат и стареењето на кожата.

Ако сите овие причини не ви се доволни, за крај да споменеме дека јагодите се и многу вкусни. Постои ли подобра причина од тоа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП