3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗа прв пат во Битола музички фестивал-,,PUSH IT TO THE LIMIT FESTIVAL"

За прв пат во Битола музички фестивал-,,PUSH IT TO THE LIMIT FESTIVAL”

sad

За прв пат во Битола фестивал од ваков вид на квалитетна музика под името ,,PUSH IT TO THE LIMIT FESTIVAL” . Заборавете на проблемите и бидете дел од овој настан. За овој ексклузивен настан во Битола ќе се погрижи еден светски познат дџ и два локални дџ-и.

Фестивал со електронска музика во Битола “PUSH IT TO THE LIMIT”,  ќе биде одржан на 13 Јуни на ракометното игралиште.

Целта на овој фестивал е да се промовира нашиот Град во најдобро светло, со квалитетна организација и добро изведена програма  која се стремиме да се оствари, со цел секој кој е дел од овој фестивал да има придобивка, како приоритет е промоцијата на многуте фирми и продукти, изјавија организаторите.

Локацијата на фестивалот ќе биде Ракометно Игралиште, се очекуваат голем број на посетители (+4000), главен ДЏ артист на фестивалот е Adriano Fuerte (Загреб, Хрватска), кој има настапувано на  “ULTRA MUSIC FESTVIAL”, исто така ќе има поддршка од најдобрите Македонски ДЏ артисти.

event

Adriano Fuerte, е хрватски Дј/Продуцент кој е на патот кон освојување на Електронската сцена. Талентот на Адриано за многу краток период излезе на виделина.
После неговото 3то место на “DJ Was Burn Residencе” натпреварот за Српско/Хрватскиот регион, каде од 200 учесници тој го доби третото место во 2012 година, неговата популарност го достигна врвот во 2013 година. Почетокот на својата успешна кариера Адриано ja започна кога беше повикан да настапува на ULTRA Music Festival заедно со Hardwell, Nicky Romero, Ned Shepard и многу повеќе светски познати и почитувани имиња. Оваа шанса Адриано ја искористи за поуспешно навлегување во светот на Електронската музика. Откако настапуваше на ULTRА, издаде две песни, со кои постигна многу голем успех за краток временски период. Со ремиксот “ The Carnival “ тој доби голема поддршка од Tiesto’s Club Life во 2014 година.Исто така, неговата соработка ‘’Counting She Days’’ со
( Heidi Anne, кој има соработувано со Lil Wayne,T-Pain, BodyBangers) започнува да добива голема подршка и популарност. Во 2014 година, Адрино се вклучи во Strobe Management и во нова компанија во Лондон која што ги претствува најдобрите Европски ДЈ на EDM сцената.

https://www.mixcloud.com/adrianofuerte2/
https://soundcloud.com/adrianofuerte
https://www.facebook.com/djadrianofuerte

BOC.A: Некои луѓе се раѓаат со желба и талент за музика, но јас не бев еден од тие луѓе. Започнав да добивам желба за музиката на 19 години и секој ден таа желба расте се повеќе и повеќе. Мислам дека желбата за квалитетна музика никогаш нема да се изгуби. Тој тип на музика е прогласен за музика на лудите и чудни луѓе. Јас би рекол дека е музика која е за луѓе со одреден животен стил. Не зборувам за House музиката која ја слушаме секојдневно на радио и други медиуми, но зборувам за вистинската и квалитетна house музика – редок вид во ова време на измешани вредности. Посветувајќи повеќе од пола ден разгледувајќи квалитетни песни и нивно слушање цели вечерни часови, длабоко сум убеден дека имам капацитет, ентузијазам и мотивација да ја работам оваа работа и секој ден да сум посветен на неа. Некои тоа го прават за пари, други за слава, но вистинските љубители на музиката тоа го прават со љубов и страст. Повеќе за мене и мојот стил на музика: http://soundcloud.com/djboca

Mario Eddie односно Марио Кузмановски, со музика се бави од млади нозе, наследувајќи го својот татко како DJ, свири пијано, гитара, продуцира лично негова музика и прави преработки на топ хитови. Најпрво започна да пушта музика по радио станици, а подоцна и во локалите во Прилеп и пошироко низ цела Македонија, за брзо време и надвор до границите на Македонија. Има настапувано во Косово so DJ Duo Diamonds – White Party, исто така има настапувано како WarmUp на светскиот дј Roger Sanchez во Метрополис Арена, Скопје. Mario Eddie беше дел од најдоброто македонско електронско дуо Future INC.
https://www.facebook.com/djmarioeddie
https://soundcloud.com/marioeddieofficial

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП