3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКопродукцискиот филм „Жената на мојот живот“ на маркетот во Кан

Копродукцискиот филм „Жената на мојот живот“ на маркетот во Кан

kan man2

Бугарскиот филм во кој копродуцира Македонија, „Жената на мојот живот“ на режисерот Андон Дончев, денеска во два термина ќе биде прикажан на филмскиот маркет во Кан.

Филмот е во продукција на „Арс“ од Бугарија, а македонски продуцент е Димитар Николов.

Драмата е копродукција помеѓу Бугарија, Македонија, Курдистан и Романија, а ја поддржа Агенцијата за филм на Македонија. Една од главните улоги ја толкува македонската актерка Кристина Христова-Николова.

Филмот, исто така, е поканет и на неколку меѓународни фестивали. Веќе се потврдени учествата на фестивалот во Москва во програмата „Слободна мисла“, на интернационалниот филмски фестивал „МареМостра“ во Палма де Мајорка, како и на филмскиот фестивал во Уланбатар, Монголија.

Филмот се снимаше во 2014-та година, во сите земји учеснички во него, како и во Кипар и во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП