3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Буре барут“ на Фестивалот на камерна сцена...

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Буре барут“ на Фестивалот на камерна сцена во Враца

burbure

Театарот „Војдан Чернодрински“ при ЦК „Марко Цепенков“ со претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, во сабота вечер гостува на Фестивалот на камерна сцена во Враца, Бугарија.

Гостувањето е поддржано од Министерството за култура.

Настапот на театарот „Војдан Черндорински“ на 26 издание на фестивалот на малите камерни форми е на отворањето. На фестивалот учествуваат театри од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Русија.

Публиката ќе има можност да ја проследи претставата во која Поплавска режисерската поставка ја канализира во правецот на покажување на љубовта и емоциите и го поставува прашањето Зошто.

Играат Игор Трпче, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Владимир Ѓорѓијовски, Александар Степанулески, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Марјан Чакмакоски, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска, Илија Волчекси, Маирја С. Илијеска, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Костимите се на Александар Ношпал, музиката на групата Мизар, додека сценографијата и дизајнот на Емил Петров.

Театарот со претставата ,,Буре барут,, која е одлично прифатена од публиката имаше повеќе гостувања во земјата и во Црна Гора на фестивалот на глумци во Никшиќ, од каде се врати со награда. Имено на актерката Даниела Иваноска и беше доделена наградата за одлично одиграната споредна женска улога (Алтана).

Актерката Катерина Чакмакоска Клинческа, пак, за улогата на Евдокија влезе во потесниот круг за избор на артист за 2014 година.

Инаку, во Враца напоредно се одржува и 5 меѓународен фестивал на театарската асоцијација НЕТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП