10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes: ‘Турскиот тек’ ќе ја принуди ЕУ да смета на Русија и...

Forbes: ‘Турскиот тек’ ќе ја принуди ЕУ да смета на Русија и Турција

turski-tek-putin-erdogan

Почетокот на изградбата на гасоводот познат под работниот наслов „Турски тек“ значи дека Европската унија ќе мора да ги земе предвид енергетските стратегии на Русија и на Турција, пишува во својата анализа Forbes.

Весникот забележува дека проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“ може да претставува почеток на нова ера во политичките и економските односи меѓу Русија и Турција. Новиот договор, исто така, ќе го зголеми и обемот на доставување гас преку постојниот „Син тек“.

„Овој договор, исто така, може да го отвори патот за формирањето на Евроазиската енергетска унија, којашто е наспроти плановите на Европа во областа на енергетиката“, се наведува во статијата во Forbes.

Во 2015 година Европската унија ги објави своите намери да ја зајакне својата енергетска сигурност со формирањето на Европската енергетска унија. Русија, пак, пишува весникот, може да основа своја енергетска унија во рамките на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) и Меѓународнaта aсоцијација за економија и енергетика (IAEE), во којашто влегува и Турција.

Географската позиција на Турција ја прави важен стратешки играч и во Европа и во Евроазија. Планирајќи ја Европската енергетска унија, во ЕУ мора да бидат свесни за таа стратешка улога на Анкара, пишува уште Forbes. Во текот на долги години западните политичари и инвеститори ќе мора да се натпреваруваат за наклонетоста на Турција, оценува авторот.

Forbes, исто така, забележува дека околу 60 отсто од гасот, кој го откупува самата Турција, отпаѓа на рускиот „Газпром“. И, како што сметаат експертите, побарувачката за енергија во Турција ќе ја надмине понудата најмалку до 2030 година.

Проектот „Турски тек“ претпоставува изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри природен гас од Русија во Турција преку Црното Море, кој до турско-грчката граница ќе носи до 47 милијарди кубни метри гас. Се предвидува на границата меѓу Турција и Грција да се изгради гасоводен хаб (мрежа), а земјите членки на ЕУ коишто ќе бидат заинтересирани да се снабдуваат со енергенсот преку овој систем треба да изградат сопствени транспортни капацитети за натамошно прифаќање на овој гас на нивна територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП