18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрадицијата и Јувентус против Реал

Традицијата и Јувентус против Реал

GettyImages-472765514.0

Иако е најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите со десет титули, Реал Мадрид во својата историја никогаш не изборил финале кога го загубил првиот полуфинален меч во Купот или Лигата на шампионите.

Речиси настварно звучи податокот дека Реал седум пати бил поразен во првиот полуфинален меч и никогаш не успеал да избори финале. Три пати Реал бил елиминиран од Баерн Минхен, а по еднаш од Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед, Барселона и Ајакс.

Прв пат елиминација на Реал кога го загубил првиот меч му се случила во далечната 1968 година. Манчестер Јунајтед првиот меч го добил со 1:0, со голот на Џорџ Бест, додека реваншот во Мадрид завршил без победник 3:3. Подоцна Манчестер Јунајтед, односно пручуената генерација наречена „Бебињата на Безби“, во финалето со 4:1 ја порази Бенфика.

Пет години подцна Реал во полуфиналето го запре Ајакс предводен од Јохан Кројф. Ајакс победил во двата натпревари, во Амстердам 2:1, а во Мадрид 1:0. Ајакс подцна во финалето со 1:0 го победи Јувентус.

Следната елиминација на Реал во полуфиналето се случила во 1987 година и тоа против Баерн. Во Минхен, блескавата игра на Лотар Матеус му донесе победа на Баерн (4:1), додека во реваншот Реал победи со 1:0. Финалето во 1987 година Баерн го загуби од Порто со 1:2.

Баерн го елиминираше Реал во полуфиналето и во 2001 година. Првиот меч во Мадрид заврши со победа на Баерн (0:1), а во Минхен Баварците победија со 2:1. Таа сезона Баерн ја освои титулата откако во финалето по изведувањето на пенали ја совлада Валенсија.

Во периодот од 2011 до 2013 година Реал стигнуваше до полуфиналето но испаѓаше од Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.

Во 2011 година Лео Меси му пресуди на Реал, тој постигна два гола во Мадрид во победата од 2:0, додека реваншот заврши 1:1. Барса подоцна во финалето славеше над Манчестер Јунајтед.

Сезона подоцна Баерн повторно застана на патот на Реал, но овој пат финалистот го реши пенал рулетот. Баерн победи на домашен терен со 2:1, а со ист резултат заврши и реваншот во Мадрид. Баерн имаше среќа во полуфиналето, но финалето го загуби на пенали од Челзи.

Борусија Дортмунд во 2013 година првиот меч го доби со 4:1, а во реваншот Реал забележа утешна победа од 2:0.Борусија подцна во Лондон го загуби финалето од Баерн со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП