21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Ги најдов во длабокото“ од Симона Јовановска

Промоција на „Ги најдов во длабокото“ од Симона Јовановска

jabolko kniga2

Промоцијата на „Ги најдов во длабокото“, нова збирка раскази од Симона Јованоска во издание на ИЛИ-ИЛИ, ќе се случи денеска во галеријата на МКЦ со почеток во 20 часот.

Расказите ќе ги претстави Љубиша Сулимановиќ, за книгата ќе зборува Владимир Мартиновски, а музичката поддршка е на Предраг Богданоски.

„Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката „Ги најдов во длабокото“, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини“, вели Владимир Мартиновски.

Симона Јованоска е родена 1985-та година во Гостивар. Збирката раскази „Ги најдов во длабокото“ е нејзина прва книга. Живее и работи во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП