8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрезентација на книгата за деца „Балони и бонбони“ од Тања Веда

Презентација на книгата за деца „Балони и бонбони“ од Тања Веда

kniga deca53

Претставувањето на книгата за деца „Балони и бонбони“ од писателката Тања Веда ќе се случи денеска во 12 часот на штандот на Просветно дело на Саемот на книгата.

Во „Балони и бонбони“ (издание на Детска радост) има раскази и песнички за дечиња на предучилишна и раноучилишна возраст. Тоа е сликовница која им го пренесува на децата знаењето за броевите, геометриските форми, просторно-ориентационите релации, но и љубовта кон уметноста, и учи за споделувањето и убавото однесување.

Писателката Веда е автор и на текстови за омилените детски четива како Росица, Другарче и Развигор.

„Настанот не е замислен како класична промоција, туку… Да не ви откриваме – дојдете и видете какви се балоните и бонбоните во „Балони и бонбони“ и како ќе тече разговорот со писателката Веда!“, целат од Просветно дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП