23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта израмни против Вашингтон, брејк на Мемфис

Атланта израмни против Вашингтон, брејк на Мемфис

bd6f18c3b60f734117e75e43e95ac585_crop_north

Атланта го совлада Вашингтон со 106:90 во вториот меч од полуфиналната серија на Истокот и го израмни резултатот на 1-1, додека на Западот Мемфис направи брејк во Оукленд и со победата над Голден Стејт од 97:89 израмни на 1-1.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во победата на Атланта партиципираше со осум поени и три скока за нешто помалку од 20 минути игра.

‘Јастребите’ до првиот триумф во полуфиналната серија ги предводеше Демар Керол со 22 поени, додека по 18 поени постигнаа Пол Милсап и Ал Хорфорд.

Вашингтон кој го забележа првиот пораз во годинешниот плејоф на овој меч настапи без својот најдобар играч, плејмејкерот Џон Вол. Неговата замена Рејмонд Сешн со 21 поен, односно Бредли Бил со поен помалку беа најефикасни кај Визардс.

Мајк Конли се врати во тимот на Мемфис по повредата и со 16 поени беше најзаслужниот што неговиот тим направи брејк кај Голден Стејт. Покрај Конли во победата на Мемфис од 97:89 се истакна и Зек Рендолф кој исто така постигна 16 поени.

Кај Голден Стејт само двајца играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Стефон Кари 16 и Леандро Барбоса 14.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП