20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААлжирскиот писател Камел Дауд добитник на наградата Гонкур за прв роман

Алжирскиот писател Камел Дауд добитник на наградата Гонкур за прв роман

alz

Алжирскиот писател Камел Дауд е добитник на француската Гонкурова награда за првиот роман под наслов „Meursault, contre enquete“ (Мерсол, противистрага), објави во вторникот жирито коешто истовремено ги додели и наградите за новела, на францускиот автор Патрис Франсески и за поезија, на Белгиецот Вилијам Клиф.

Размислувајќи за современиот алжирски идентитети, Камел Дауд напишал роман, објавен во Алжир во 2013 година, кој е всушност алжирска слика во огледало на славниот роман на Албер Ками „Странецот“ од 1942 година, во кој се зборува за „арапско“ убиство, со кој минатата есен беше во конкуренција за наградата Гонкур.

„Не сум човек за само една книга, наспроти тоа што се мисли, бидејќи сметам дека тоа води во две болести – или во суетност или во верска војна“, изјави 42-годишниот Дауд во вторникот примајќи на наградата.

Дауд, против кого во Алжир е издадена фетва односно верска осуда заснована на шеријатот, јавно минатата година ја изрази својата разочараност од тоа што не ја доби оваа награда којашто се доделува за франкофонското говорно подрачје.

Авторот, исто така, за овој роман ја доби и наградата Франсоа Моријак која ја доделува Француската академија и Наградата на петте континенти којашто је доделува Меѓународната организација на Франкофонијата, покрај наградата „Escale littéraire (книжено стоп)“ во Алжир, којшто ја доделува здружението на алжирските и француските писатели и новинари.

Дауд е добитник и на наградата „Гонкуровата листа/Избор на Ориентот“, на 21-от Бејрутски саем на франкофонски книги во Либан.

Покрај наградата за прв роман, жирито на 60-годишниот француски писател Патрис Франсески му ја додели наградата за новела за делото „Premiere personne du singulier“ (Прво лице еднина), додека за поезија наградата му припадна за вкупниот опус на белгискиот поет Вилијам Клиф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП