10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако храната може да ги уништи вашите заби?

Како храната може да ги уништи вашите заби?

18071_devojka-foto-shutterstock_59108173_630x0

Докторката Самир Пател, стоматолог, укажа на проблемите кои можат да се појават доколку се храните исклучиво „на нозе“, пишува Daily Mail.

1. ПОЈАДОК

Опасност

Некои житарки содржат повеќе од три лажици шеќер по порција. Иако производителите го фалат овој вид на појадок како „најздрав“, тоа може да биде лош избор за вашите заби.

56073_profimedia0051465270_630x0

Решение

Јадете житарки со млечни производи, за да го намалите влијанието на шеќерот врз здравјето на вашите заби. Калциумот и витаминот Д во млечните производи даваат корисни минерали кои помагаат во јакнење на забите.

2. ТОПЛИ ПИЈАЛОЦИ

Опасност

Кафето и чајот се лоши за вашите заби, ако ги конзумирате во големи количини – можат да се појават дамки и вашите заби да пожолтат.

Редовната конзумација на овие пијалоци може да доведе до лош здив, кој исто така доведува до дехидратација на усните.

6553_shutterstock_18691288-kafa_630x0

Решение

Најдобро е да ја плакнете устата со вода и така да ја намалите можноста за дехидратација на устата.

3. СЕНДВИЧИ

Опасност

Многу сендвичи купени „на улица“ содржат многу шеќери кои го подобруваат вкусот на лебот. Преработените јаглехидрати можат да создадат многу бактерии во устата и така да доведат до кариес.

9112_sendvic-02_shutterstock_57364018_630x0

Решение

Лебот кој содржи цели зрна житарки е најдобриот избор за вашите заби.

4. ОВОШНИ ШЕЈКОВИ

Опасност

За оние кои уживаат во подготвувањето на шејкови – внимавајте!

Иако овошјето се смета за исклучително здраво, во себе содржи силни овошни киселини кои можат да ја нагризат глеѓта. Кога овошјето е исцедено, поголема количина киселина допира до вашите заби.

16275_shutterstock_66401914_630x0

Решение

Калциумот во млечните производи и соиното млеко можат да ги зајакнат забите и да ги спречат овошните киселини да ги оштетат.

6. ГРИЦКИ

Опасност

Грицките кои содржат суво овошје, како и пуканките можат да бидат погубни за вашите заби.

Иако шеќерите во сувото овошје се природни, кога се во вашата уста, не се разликуваат од преработените шеќери. Пуканките создаваат силна киселина во вашата уста и можат да доведат до оштетување.

17302_grickalice-foto-shutterstock-(2)_630x0

Решение

Грицките со јаболко или круши содржат повеќе вода, затоа што ова овошје во себе има голема количина на вода.

На тој начин, овошната киселина се ублажува. Редовното чистење на забите спречува создавање наслаги, кои можат да настанат од остатоци од храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП