5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо ДПМ сеќавање на Саме Лимани Жарноски

Во ДПМ сеќавање на Саме Лимани Жарноски

Image (86)

Денес, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи сеќавање на писателот Саме Лимани Жарноски, по повод  80-годишнината од неговото раѓање.

За творештвото на Саме Лимани Жарноски ќе зборува Горан Анчевски, а обраќања ќе имаат Веле Смилевски, претседател на ДПМ и Бојда Исмаил, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. Средбата ќе ја води Александра Велинова.

Саме Лимани Жарноски (1935-2007) својот работен век го помина како наставник по македонски јазик во селото Жировница.  Таму го создаде својот опус од десетина поетски книги, меѓу кои: „Распукани бигори“, „Искри во изгасната пепел“  и „Реквием во црно“.  Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП