2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал „Големи и мали деца“ во „Феникс“

Фестивал „Големи и мали деца“ во „Феникс“

feniks 345

Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје ќе се одржи првото издание на меѓународниот Фестивал „Големи и мали деца“, во вторник на пладне.

За Видое Подгорец и Томе Арсовски, ќе бидат врачени наградите „Големиот принц“ и „Малиот принц“, односно „Малата принцеза“.

Прв добитник на наградата „Големиот принц“ е истакнатиот македонски писател Александар Поповски.

За ликот и творештвото на Видое Подгорец, Томе Арсовски и Александар Поповски ќе говори проф.д-р Васил Тоциновски.

Потоа ќе настапат поголем број писатели кои пишуваат за деца и млади, а ќе биде награден и еден млад автор кој ќе ја понесе наградата „Малиот принц“, односно „Малата принцеза“.

За наградата за млад автор секоја година ќе се натпреваруваат младите литерати од една Општина во Република Македонија, а овој новопокренат книжевен Фестивал за деца и млади во иднина ќе биде традиционален.

На Фестивалот „Големи и мали деца“, исто така, ќе бидат претставени илустрациите за деца и млади на академските ликовни уметници Стојче и Емилија Тоциновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП