26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Ц.ѕвезда на победа од титулата

АБА: Ц.ѕвезда на победа од титулата

sp-vilijams_620x0

Кошаркарите на Црвена ѕвезда поведоа со 2-0 во финалната серија во АБА лигата против Цедевита. Белградскиот тим во вториот меч славеше над Цедевита со 69:65, првиот меч одигран во саботата Црвена ѕвезда го доби со резултат 68:59.

Слично како и во првиот натпревар Црвена ѕвезда имаше многу успони и падови во играта, но успеа максимално да ја искористи предноста на домашниот терен.

Во првото полувреме домашниот тим имаше предност и од 16 поени, но Цедевита успеа со негатива од осум кошеви да замине на одморот. Во вториот дел Црвена ѕвезда стигна до плус од 18 поени, но одново противникот се врати во мечот и во финишот на натпреварот предноста на ‘црвено-белите’ изнесуваше само два поени.

Цедевита потоа не реализира три напади по ред, а победникот го реши Џенкинс од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот на натпреварот.

Марјановиќ со 20 поени и 14 скокови, односно Митровиќ со 19 поени и 10 скокови ја предводеа Црвена ѕвезда до победата.

Третиот меч од серијата се игра в среда во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП