27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетскиот караван на ДПМ во Тетово

Поетскиот караван на ДПМ во Тетово

tetovokikjiuk87i

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Тетово.

Во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, во петок, во 12 часот, во Тетово ќе настапат 20 истакнати автори, членови на македонската писателска асоцијација. На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика и претседателот на ДПМ  Веле Смилевски.

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија во годинашниот циклус до сега  гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица,  Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар и Крушево. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

Циклусот од 17 поетски каравани за 2015 година, Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Во оваа манифестација ќе земат учество 80 поети од сите генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП