24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Цедевита ќе игра во финалето

АБА: Цедевита ќе игра во финалето

planinic-bilan

Кошаркарите на Цедевита ќе играат во финалето на АБА лигата, а исто така изборија и пласман во Евролигата во наредната сезона, откако славеа во петтиот полуфинален меч против Будуќност со 70:66.

Цедевита успеа да направи вистински подвиг бидејќи по поразите во првите два меча нејзините кошаркари победија во наредните три и се изборија за пласман во финалето каде ривал ќе им биде Црвена ѕвезда.

На мечот во Подгорица, Цедевита во 14 минута стекна предност од осум поени која до не ја испуштија до крајот.

Билан со 16 и Бабиќ со 12 поени ја предводеа Цедевита до победата.

Финалната серија во АБА лигата ќе стартува в сабота, а домаќин на првите две средби ќе биде Црвена ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП