25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавена антологија на српски јазик на петнаесет современи македонски поети

Објавена антологија на српски јазик на петнаесет современи македонски поети

Image (33)

Реномираниот издавач Задужбина „Петар Кочиќ“ од Бања Лука деновиве ја објави и антологијата на петнаесет современи македонски поети „Од живиот извор“.

Составувач и преведувач на оваа двојазична Антологија е академик Ристо Василевски, а во неа со по десет песни се застапени: Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Лидија Димковска и Јовица  Тасевски-Етернијан – поети кои сè уште активно творат и со своите дела ја збогатуваат современата македонска поезија.

Во својот минуциозен предговор составувачот вели дека за овие имиња се определил „затоа што околу и над нивните поетски целини се разви аура и затоа што со нивните значења може да се исплете мрежата на сета современа македонска поезија и да се добие увид во сè она што е во неа врвно.

При објавувањето на оваа своевидна Антологија издавачот направи исклучок и место досега практикуваниот формат, осум поети со по осум песни, прифати во неа да бидат застапени петнаесет поети со по десет песни.

Автор на поговорот е поетот и литературен критичар Никола Вуколиќ – директор и главен уредник на Задужбина „Петар Кочиќ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП