На Волстрит во четвртокот цените на акциите благо паднаа, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите се внимателни пред објавувањето на кварталните деловни резултати на американските големи компании, што значително може да влијае врз пазарите, што го предизвика истиот ефект и на европските берзи.
Така во четвртокот на европските берзи акциите забележаа пад, и тоа лондонскиот FTSE индекс ослаби за 0,51 отсто, на 7.060 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX се лизна 1,90 отсто, на 11.998 бодови а парискиот индекс CAC за 0,57 отсто, 5.224 индексни поени.
На Волстрит, пак, во четвртокот индексот Dow Jones ослабе за 0,04 отсто, на 18.105 поени, индексот S&P 500 падна за 0,08 проценти, на 2.104 поени, додека индексот Nasdaq се лизна за 0,06 отсто, на 5.007 индексни поени.
Вложувачите во САД беа претпазливи бидејќи во петок се очекува двата американски гиганти „Apple“ и „General Electric“ да ги објават своите деловни резултати за првото тримесечје од 2015 година, коишто значително може да влијаат врз насоката на цените на акциите во технолошкиот и во индустрискиот сектор. Во четвртокот цената на акцијата на „Apple“ падна за 0,5 отсто, додека на „General Electric“ за 0,65 отсто.
Последните денови најголем добитник беше енергетскиот сектор, благодарејќи на силниот раст на цените на нафтата. Меѓутоа, во четвртокот цените на нафтата и на лондонскиот и на американскиот пазар на крајот од тргувањето паднаа за повеќе од 1 отсто, па и енергетскиот сектор заврши во минус.
Во фокусот на инвеститорите се кварталните деловни резултати, а сезоната на објавувањето на извештаите нема да биде сјајна. Поради високиот курс на доларот, што ги поткопува и заработката на американските мултинационални компании со странските пазари, и ниските цени на нафтата, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од составот на индексот S&P 500 во изминатиот квартал паднале за 2,6 отсто во однос на истиот период минатата 2014 година. Приходите, пак, според истите процени, би можеле да паднат за 2,8 отсто на годишно ниво.
Доколку тоа се покаже точно, тоа би бил најслабиот квартал од третото тромесечје во 2009 година. Меѓутоа, аналитичарите вообичаено процените на резултатите ги поставуваат многу ниско за на компаниите да им олеснат да ги натфрлат, а тоа создава простор за раст на цените на акциите.
Од 51 компанија, кои досега ги објавија деловните извештаи, 76,5 отсто оствариле поголема добивка отколку што се очекуваше. Меѓутоа, повеќето потфрлија по прашањето на приходите. Тоа покажува дека компаниите успеваат да ја одржат добивката, но не со зголемување на приходите и ширење на работата, туку преку намалување на трошоците.
„Знаеме дека заработките на компаниите ќе паднат на годишно ниво, но прашањето е за колку? Тоа е игра. Аналитичарите премногу ги намалија процените за компаниите полесно да ги натфрлат“, вели Џим Бјанко, претседател на компанијата „Bianco Research“.
Меѓу најавените добитници, со скок цените за 18 отсто, во четвртокот акцијата „Netflix“, бидејќи овој видео сервис остварил подобри резултати отколку што се очекуваше. Акцијата на „Philip Morris“ покапе, пак, за 8,7 отсто, откако што овој производител на цигари извести за помал пад на заработката отколку што се очекуваше за првиот квартал. Од друга страна, поради слабите отколку што се очекуваше деловните резултати, „SanDisk“ падна повеќе од 4 отсто, а на „Аmerican Express“ над 1 отсто.