4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделени наградите за најдобар кореограф и најдобар танчер на „Танцлаб“

Доделени наградите за најдобар кореограф и најдобар танчер на „Танцлаб“

tanceri 222

Наградата за најдобар кореограф во рамки на меѓународниот натпревар за кореографи „Танцлаб“, што се одржа во четврток вечер на сцената на Народниот театар во Велес, ја однесе Антон Рудаков од Германија со „Доколку бев месечина“.

За најдобар танчер, пак, беше прогласена Фабиана Карчесио од Холандија за кореографијата „Затоа што мораме“ на Сане Клифорд од Холандија.

„Затоа што мораме“ е соработка на кореографот со танчерите, враќајќи се на основните чувства кои нè тераат да танцуваме. Постои потреба, борба и момент на ослободување. Се предаваме, танцуваме, затоа што мораме.

Покрај доделувањето на “Златна пеперутка” и “Сребрена пеперутка”, во четврток вечер во Велешкот театар беше изведена премиерата на кусата претстава „Амбивалентност“ на минатогодишниот победник на „Танцлаб“, Валентино Апостоловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП