12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДиетални намирници кои ќе ве заситат

Диетални намирници кои ќе ве заситат

hcg-diet-dangerous-side-effects

Надуеноста и вишокот на килограми подеднакво ги мачат и мажите и жените. Но, со правилен избор на намирници, полесно ќе се ослободите од овие проблеми без гладување.

1. Банани

Преполни се со влакна и калиум поради кои телото ќе го исфрли вишокот на вода.

2. Диња

Исто така содржат многу калиум кој помага против надуеноста. Но, дињата има многу вода, па е корисна и за слабеење.

3. Зелен лиснат зеленчук

Кељ, спанаќ и зелена салата се богати со влакна, а сиромашни со калории.

4. Маслиново масло

Содржи олеинска киселина која е „убиец“ на масните наслаги. Прелијте ја зелената салата и ќе му дадете на организмот двојна корист – ќе ја елиминирате надуеноста и ќе ги стопите килограмите.

5. Леб

Секогаш изберете го оној со цели зрна житарици, затоа што е полн со влакна кои ја одржуваат ситоста и не претерувајте со количините, доволно е да изедете само една кришка.

6. Артичоки

Средно големата артичока има околу 30 грама влакна. Тоа е повеќе од половина од дневно препорачаната доза.

7. Авокадо

Овој зеленчук е рудник на моно-незаситени масни киселини, односно оние кои му прават добро на нашиот организам.

8. Интегрален ориз

Токму како и лебот од цели зрна, и интегралниот ориз е одличен за чувство на ситост.

9. Леќа

Најсилниот сојузник во слабеењето! Содржи протеини, влакна и сложени јаглени-хидрати, односно најважните нутритиенти за слабеење и одржување на линијата.

10. Овесна каша

Нејзината главна состојка се влакната, затоа е идеална за појадок, затоа што нема да предизвика чувство на надуеност. Додадете малку цимет и уживајте.

11. Јогурт со пробиотици

Добрите бактерии кои се наоѓаат во овој јогурт го одржуваат здравјето на системот за варење, а тоа значи рамен стомак и помалку проблеми со вишокот килограми.

12. Риба

Видовите како скуша и лосос се одличен избор затоа што се преполни со масни киселини омега-3. Освен тоа, рибата ќе ви го подигне и расположението.

13. Јаболко

Најновите студии велат дека едно јаболко дневно, особено ако го изедете пред ручекот, помага во одржување на линијата. Тајната е во влакната кои го полнат желудникот и предизвикуваат чувство на ситост.

14. Краставици

Нивната главна состојка е водата. Со самото тоа, краставиците се силен диуретик кој ќе ве ослободи од вишокот течности во организмот.

15. Домат

Богат е со калиум, па помага против надуеноста. Благодарение на лептинот, кој е еден од состојките на доматот, ќе го контролирате апетитот.

16. Аспарагус

Стеблата на овој зеленчук се полни со калиум и поради тоа се одличен борец против надуеноста. Јадете ги сирови или посипете врз нив малку сол, бибер и маслоново масло, па грилувајте ги.

17. Модар патлиџан

Содржи малку натриум и многу вода, па е добар за виткоста и се бори против надуеноста.

18. Лубеница

Омиленото летно јадење во најголем дел содржи вода, па така во лубеницата можете да уживате колку сакате.

19. Јајца

Сите најнови студи покажуваат дека две јајца за појадок можат да го контролираат апетитот. Протеинот од јајцата предизвикува чувство на ситост.

20. Бадеми

Бадемите се полни со протеини, што ги прави идеални за попладневна ужина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП