20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на графики на софиското графичко студио „Принт Нест“ во културниот центар...

Изложба на графики на софиското графичко студио „Принт Нест“ во културниот центар „Кула“

Image (7)

Графичкото студио „Принт Нест“ (Print Nest) од Софија во сабота вечер ќе се претстави со изложба на графики во културниот центар „Кула“.

Отворањето на изложбата е во 20 часот, а делата ќе можете да бидат погледнати во текот на целата недела.

„Принт Нест“ е графичко студио во кое творат автори од регионот на Бугарија и Македонија. Станува збор за четворица уметници кои заедно со своите пријатели и колеги го покренуваат постоењето на центар за графичко печатење на дела во разни формати и техники. Авторите досега имаат изложувано во Бугарија, Италија, Австрија, Швајцарија и Македонија. Носители се на неколку награди за млади автори од страна на бројни конкурси и биеналиња за графичка уметност.

Овој уметнички колектив го претпочита монохроматското изразување и претендира да го воведе гледачот во една амбивалентна атмосфера. Самите творци го карактеризираат црното како мистериозност, кое со раслојувањето до белите тонови може да прерасне во топло и студено, далечно или блиско. Со своите прецизно изработени графики целат кон воведување на нов симболен систем кој попрво асоцира на фотографија, отколку графика. Своите свежи идеи ги реализираат во техниките на офорт, акватинт, сува игла и други значајни форми на графичка уметност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП