2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” освои прва награда на натпревар во Грција

ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” освои прва награда на натпревар во Грција

luj 330

Танцoв натпревар WDSF World Open Latin & WDSF International Open Standard со повеќе танцови категории, натпревар признат од World Dance Sport federation, се одржа деновиве петта година по ред во Солун.

Учество земаа танчери во индивидуална и групна категорија од над 25 земји во Европа.

Судиите беа од: Холандија, Швајцарија, Русија, Србија, Македонија, Унгарија, Романија и Грција како главен судија. Освен стандардни танци, беа застапени и други категории, како што се: Брејк Денс, модерен балет, ориентал танци и show dance, во кое земаа учество и ученици од Македонија.

Натпреварувачите од Македонија беа ученици од ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”, од 13 до 15 годишна возраст, во класата на наставник по класичен балет Анастасија Калиманоска и ученици од студиото Ритам Плус од Скопје.

Учениците од ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” се натпреваруваа во категорија show dance, а настапија со изведба со стилизиран етно мотив, кореографија на ценетата Олга Милосавлева, на музика „Јовано Јованке“ од Леб и Сол и освоија прва награда во својата категорија.

Наставничката Анастасија Калиманоска е горда на овој успех.

„Не е едноставно да се отиде на било кој натпревар, а посебно кога станува збор во Грција. Уште и да се освои прва награда таму, претставува голема гордост за секој Македонец”, изјави наставничката Калиманоска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП